Модар патлиџан – зимница
1. Модриот патлиџан исечете го на кругови, посолете го и оставете 2 -3 часа да се одстои, иседете го.
2. Водата, оцетот, шеќерот, солта и биберот ставете во поголемо тенџере да зовријат. Ставајте во маринадата од модриот патлиџан да проврие на некоја минута, вадете со решеткаста лажица и ставајте го во цедилка. Се така додека се потроши патлиџанот.
3. Во тегли редете од исцедениот патлиџан, помегу редовите ставајте од исецканиот лук и магданос, залијте со зејтин и затворете.
НАПОМЕНА
Модриот патлиџан одокато го напишав, доколку ви остане од маринадата..само соберете и ставете во фрижидер да стои како би ја потрошиле уште за некоја бројка патлиџан доколку одлучите така. Но мислам дека имаше околу 3 кгр.
Дел од теглите ги залевав со мешавина од маслинов и обичен сончогледов зејтин, а дел само со сончогледов зејтин. Зејтин треба да се стави за да пливаат во него патлиџаните, но не плашете се, сепак не е многу.
Кога се наполнат теглите тие се топли, завиткајте и капачките добро ќе ви се затворат.
Од љубопитност...можете веднаш и да се послужите.
Лиценца: Сите права се задржани
и после ова како се јади? вака како што е ? ух!
Лиле не ми замервај, посебно не во недела :) ми го знаете ставот во врска со овие за јадење, ама многу убави ми се да ги гледам цели не сечени и си имам купено 2 пати да ми стојат за украс додека не овенат :)
...патем, со здравје да си ја јадите зимницата
И дали може со домашен јаболков оцет?Дали имаш такво сознание или си пробала?
Јас сакам да го направам овој рецепт денес,па да знам како да постапам.
Поздрав
Кога ќе биде готова зимницата ќе постирам слика,секако и ќе споделам домашни импресии.
Еве го и крајниот резултат-пациентите задоволни :) и од киселоста и од вкусот и од изгледот.
Препорака до другите домаќинки:Која не правела да не се двоуми да го стори тоа.Фала Лилјана за прекрасниот рецепт.
Поздрав
Лилјана почнувам од тебе,и иако многу тешко некоја домаќинка да се одлучи што би било најдобро од твојот репертоар,еве јас го одбрав токму овој рецепт,кој и самата го припремив,а кај нас го доби името Македонски кавијар,бидејќи и го третираме како таков.
Па,Среќна Нова 2013 и Божиќ на тебе и твојата фамилија,многу здравје пред се,среќа,успех,пари,љубов,слога,разбирање.....и уште многу,многу честитки за годината што претстои пред тебе.
Ти посакува,
Љубица
Благодарам, јас само што ја вратив теглата на свое место од ова навистина прекрасна зимница.. ке се кајат останатите што не си направија од оваа салатичка или како што велиш ти - Македонски кавијар!
Благодарам на посаканите желби, исто така и јас имам најубави желби за тебе и останатите и кои сакам да се исполнат!
Срекни ти празнице Љубице!
Мислам дека многу касно ти одговарам, досега ти си направила, но на работа неможам да отварам , касно доагам..доста еден гост да те зафати и времето летнало... Извини...