Испечати

Модар патлиџан – зимница

Модар патлиџан – зимница

Состојки

  • за маринада
  • 1 л. оцет
  • 2 л. вода
  • 80 гр. сол
  • 80 гр. шекер
  • 1/2 пакетче бибер во зрна
  • за посипување и полевање
  • 2 глави лук
  • ракохват магданос
  • по потреба зејтин
  • Модар пталиџан
  • 3 кгр. патлиџан

Подготовка

1. Модриот патлиџан исечете го на кругови, посолете го и оставете 2 -3 часа да се одстои, иседете го.
2. Водата, оцетот, шеќерот, солта и биберот ставете во поголемо тенџере да зовријат. Ставајте во маринадата од модриот патлиџан да проврие на некоја минута, вадете со решеткаста лажица и ставајте го во цедилка. Се така додека се потроши патлиџанот.
3. Во тегли редете од исцедениот патлиџан, помегу редовите ставајте од исецканиот лук и магданос, залијте со зејтин и затворете.

НАПОМЕНА
Модриот патлиџан одокато го напишав, доколку ви остане од маринадата..само соберете и ставете во фрижидер да стои како би ја потрошиле уште за некоја бројка патлиџан доколку одлучите така. Но мислам дека имаше околу 3 кгр.
Дел од теглите ги залевав со мешавина од маслинов и обичен сончогледов зејтин, а дел само со сончогледов зејтин. Зејтин треба да се стави за да пливаат во него патлиџаните, но не плашете се, сепак не е многу.
Кога се наполнат теглите тие се топли, завиткајте и капачките добро ќе ви се затворат.
Од љубопитност...можете веднаш и да се послужите.