Мини чизкејк со овошје
Пред се сакам многу да им се заблагодарам на Мои Рецепти за наградата, да бидам искрена многу се изненадив ,бидејќи не очекував дека покрај вакви врвни готвачи и јас ќе дочекам да добијам било каква награда =))
Е сега благодарение на наградата морав и да ги облажам домашните па да си ја оправдам некако =)) така да ги направив овие вкусни мини чизкејк тортички, кои се надевам дека и на вас ќе ви се допаднат како и на нас.
За Филот користев Домашно маскарпоне сирење по рецептот на нашата ни драга Теофанија,голем поздрав до неа
1.Во еден сад се мешаат сувите состојки-брашното,пченкарното брашно и содата
2.Во друг се меша јајцето со ванила екстрактот,ако користите ванилин шеќер додадете го во шеќерот
3.Убаво се мати путерот со шеќерот подолго време додека убаво не се соединат-окулу 7-8 мин
4.Им се додаваат ванилата и јајцето и се продолжува со матење,се додават и сувите состојки и се мати додека не се соединат,се добива меко и лепливо тесто
5.Модлите за мафини се премачкуваат со путер и врз нив се става по едно топче од тестото и се притиска со крајот од толчник или подебело сукало во средината за да се направи вдлабнатина,тестото од страните треба да биде потенко и окулу 3/4 од висината на ,да изгледа како чашка
6.Се печи на температура од 180 степени 10-15 минути додека не заруменат
7.Извадете ги и оставете ги да се подизладат,па потоа со крајот од толчникот или сукалото повторно притиснете во средината да направите вдлабнатина - види слика
8.Изматете го маскарпонето со шеќерот, ванилата и медот -оставете да излади во фрижидер и ставете во внатрешноста на оладените чашки,и врз нив ставете од исечканото овошје.
*Повкусни се кога ќе ги оставите само пополнети со филот од маскарпоне во фрижидер да преноќат и потоа другиот ден да ставите од овошјето
*Од оваа количина излегуваат окулу 14-16 големи мафини
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Прекрасни декорации си направила, браво за тебе и твојата креативност:) И имаше нели мака која фотка да ја ставиш главна, зошто сите ти се убави навистина, ама тоа е дел од секоја презентација на рецепт, па се навикнуваш:)