Мини сендвичи со палачинки од цвекло
Кога морате, а не сте баш некој љубител на цвекло (како мене) ова е совршен рецепт.
Подготовка:
1. Го рендаме најпрво цвеклото. Потоа се заедно ставаме во блендер и блендираме, додека не добиеме убава хомогена смеса. Вода може да се додава од прилика, зависно густината на смесата.
2. Во тава за палачинки правиме малечки палачинки и ги печеме од двете страни по некоја минутка.
Јас си направив малечки сендвичиња, внатре ставив намаз, салатка, калинка , односно вие може да си ставите што имате, а и што си јадете, секако се многу вкусни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови