Најпрво, цвеклото излупете го, исечете го на парчиња и заедно со лукчето сварете го со малку вода. Јас тоа го правам во микро бранова, се додека не биде меко. Измиксајте го во блендер и додадете млеко, стопен маргарин, јајца и со брашното направете смеса за палачинките. Од смесата испржете палачинки. Во зависност од тоа колкава дебелина сакате. Јас од оваа смеса направив 4 палачинки.
Кога ќе се оладат филувајте ги со промешаната изварка со крем сирењето во која сте го додале и исечканиот магдонос и исечканата печеница.
Завиткајте ги во фолија и ставете ги 1 час во фрижидер. Потоа исечете ги на парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови