Испечати

Мини сендвичи со палачинки од цвекло

Мини сендвичи со палачинки од цвекло

Состојки

  • 2 главици цвекло
  • 1-2 кафени лажички лук во прав
  • 2 јајца
  • 3 лажици овесни снегулки
  • 3 лажици ленено семе
  • 5 лажици оризово брашно
  • вода по потреба

Подготовка

Кога морате, а не сте баш некој љубител на цвекло (како мене) ова е совршен рецепт.

Подготовка:

1. Го рендаме најпрво цвеклото. Потоа се заедно ставаме во блендер и блендираме, додека не добиеме убава хомогена смеса.  Вода може да се додава од прилика, зависно густината на смесата.
2. Во тава за палачинки правиме малечки палачинки и ги печеме од двете страни по некоја минутка.
Јас си направив малечки сендвичиња, внатре ставив намаз, салатка, калинка , односно вие може да си ставите што имате, а и што си јадете, секако се многу вкусни.