За подлога
Бисквитите измелете ги, додајте растопен путер, млеко, мед, измешајте со рака и ставете во тепсија.
За фил
Млекото зовријте го. Во еден сад ставете јајце, брашно, шеќер и ванила. Измешајте, додајте го пополека жешкото млеко и ставете го на оган да зоврие целата смеса. Оставете да истине.
Изладениот фил изматете го со путер.

Тиквата испечете ја и испасирајте ја.
Во филот додајте тиква, цимет и мелени бисквити. Се' убаво промешајте.
Ставете го филот врз подлогата од бисквити и ставете во фрижидер да се стегне.

Колачот извадете го од фриждер, со округло калапче сечете кругови, (можете и да сечете на коцки, по вашата желба).
Сечените колачи прелијте ги со бело чоколадо и украсете со чоколадни лушпи за декорација.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани