Брз ролат од бисквити (без печење)
Ова е еден рецепт од стариот тефтер на мајка ми. Името му стои ролат Нада. Не знам зошто е Нада,ама знам дека е преубав.
За почеток на овој убав ролат од обланда потребно е да ја завиткаме обландата во влажна крпа да омекне за виткање.
Во сад на оган го налеваме млекото, па додаваме шеќер и какао.
Кога ќе се растопи шеќерот се трга на страна течноста да излади. Кога ќе може прстот да издржи во топлото, се додаваат мелените бисквити и оревчињата. Се меси убаво да се добие хомогена смеса.
Одиме со подготовката на белиот фил
Маргаринот пенесто го матиме заедно со шеќерот во прав.
Ја додаваме ванилата и кокосот а на крај и румот.
Обландата ја вадиме од влажната основа. Ја мачкаме на мазниот дел со црниот фил. Врз него нанесете и од белиот фил. Виткајте ја обландата во вид на ролат, затегнете ја добро со целофан и ставете ја во ладилник. Сервирајте ја сечејќи ладна.
Имате нежен микс на кокос, ванила, рум. Брз и убав колач, верувам дека ќе стане дел од вашето секојдневие.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови