Брзо, лесно, вкусно.....идеално со чаша топол чај или топло млеко, едноставно омилен кај нас дома, го обожаваме мирисот и вкусот на овој десерт. Во некои краеви го викаат козињак, чурек, се прави како ролат, плетенка и слично, ама како и да е сепак е превкусен на било кој начин и да го направите.

Од овие состојки јас направив 2 милиброда - еден со мармалад, друг со брусница.

Постапката е следна -

Замесуваме тесто од наведените состојки, го покриваме со стреч фолија и го оставаме да стаса. Потоа го делиме на 2 дела.
Од едниот дел направив милиброд во форма на ролат...рассукуваме кора која ја премачкуваме со мармалад (по избор) и завиткуваме ролат.
Од другата половина направив милиброд во форма на плетенка...во тестото ја додаваме брусницата, го делиме на 3 дела и плетеме плетенка.
Ги оставаме да стасаат, па ги премачкуваме со жолчката измешана со 1м.л.прав шеќер.
Ги печеме на 180 степени - 20 минути, па намалуваме на 150 степени и печеме уште 20 минути.
Ги покриваме со чаршафче, да оладат, па наросуваме прав шеќер одозгора.

Како додатоци можете да употребите било каков вкус на мармалад, џем, суво грозје, цимет...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови