Секогаш правев Миленки по еден единствен рецепт, овој пат рецепт кој настана од комбинација на два рецепта..
Миленки го носат името затоа што се прават топчиња во големина на залак. Јас денес ги спремив малку поинаку , но сепак се миленки, иако топчињата онака од кеф си ги оформив поголеми. Ако не го нарендав сирењето на ситната страна од рендето, немаше да ми истото подгори, се става ронето сирење, а не рендано и ако не промашев копчето и сум го вклучила само горниот греач, ќе беше друга приказната на сликите, добро што забележав сепак навремено. Како и да е, вие ќе внимавате и ќе имате прекрасен доручек.

ПРЕДТЕСТО
1. Во млако млеко растворете го квасецот, додадете шеќерот и оставете да се запени.

ТЕСТО
1. Во садот во кој ќе месите ставете го брашното, шеќерот, солта, додадете го веќе запенетиот квасец, 3 лажици зејтин, лесно сматено јајцеот, замесете. Домесето при крај додавајки ги тие 2 лажици зејтин. Ова можете да го изработите и со миксер, а кој нема таков миксер, може со обичен со спиралните наставци поставувајки ги обратно.
Оставете да стаса.
2. Кога е стасано поделете го тестото на еднакви делови, размесете ги на побрашнета површина и оформете мали топчиња, колку еден залак (а јас денес ги правев поголеми). Со маргарин подмачкана модла редете ги топчињата едно до друго на сосема мала оддалеченост. Оставете да стасат.
3. Кога веќе се наполнило тавчето (стасало тестото) на секое топче со рачката од дрвената бркалка на средината лесно налегнете ги.
4. Загрејте го млекото, тргнете од огнот,  додадете го маргаринот и мешајте додека се стопи истиот, додадете една лажица брашно.
5. Посипете изронето сирење врз тестото, одозгора залејте со спремана залевка од млекото, брашното и маргаринот.
6. Ставете да се пече во предходно загреана рерна на 200 степени.
Нека ви е слатко!

Забелешка
-Кој цени дека ова количински е малку, тогаш дуплирајте ги состојките.
- Оваа количина е доволна да се спреми во тавче бр.26
- Наместо брашно - можете да после залевањето со млеко да посипете со лебни трошки.

1 чаша - 240мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани