Залачиња, миленки со путер и сирење
Меки се како памук. Пробајте ги
Подготовка:
1. Во млакото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активираниот квасец, масло, путер, сол, компир пире. Се соединуваат со вилушка. Постепено се додава брашно и се замесува средно меко тесто. Се покрива со прозирна фолија и се остава на топло да се дуплира.
3. Потоа се дели на 17 до 20 топчиња, во зависност колку сакаме да се големи. Ги редиме во тава бр 24 која е премачкана до путер. Ги покриваме и оставаме на топло 30 минути. Ги премачкуваме со растопен путер и наросуваме сирење.
4. Ги печеме во загреана рерна околу 30 минути да заруменат. Испечени ги покриваме со кујнска, чиста крпа да отстојат 10 минути, па ги сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани