31
авг
2012
Мешан мармалад
Најпрво се чисти овошјето од семките и се поминува на преса која ги вади лушпите од овошјето и право го мели. Се добива мазна и глатка смеса, се истура во садот во кој ќе се вари мармаладот се додава шеќерот и се става на оган.
Кога ќе се смали содржината во тенџерето се додава џем фиксот и се вари уште 15 минути.
Жешкиот мармалад се собира во тегли, се затвараат и се превртуваат наопаку. Се мотат во кќебе и така стојат додека да се оладат. Кога се полни во теглите мармаладот е малку течен, се желира кога ќе се олади.
Лиценца: Сите права се задржани