Месно-зеленчукова пита
Порано често правевме печено мелено месо во тава. Не сум го направила одамна, а рецептот бидејќи се паметел лесно не бил запишан. Но, ете, многу долго време поминало од последниот пат, па остана само како сеќавање. Најпрво мислев тоа да го спремам, но потоа и постепено си додавав состојки, импровизирав малку и излезе ова нешто, кое решив да го наречам пита, бидејќи на крај така и ми изгледаше. Финално се доби барем по нас дома едно одлично и вкусно јадење, кое често ќе го има на нашата трпеза, а рецептот кој се изумил, веќе стана дури и не битен во споредба. Поради тоа, решив истиот да го споделам и овде со вас, па можеби на некој исто така би му се допаднал.
Меленото месо измешајте го со јајцето, зачини, сол (лебот или презлата)пармезанот и кромидот.
Додадете ги потоа ренданите компири, моркови, оризот и пармезанот. (тука следна прилика ќе пробам да додадам и околу 50 мл доматен сос).
Содржината убаво измешајте ја и исплескајте ја во намастена тава бр26. или можи да се проба и во долгунест калап со поголема длабочина.
Коцката за супа растворете ја во 200 мл вода, додајте ја павлаката, посолете ако е потребно. Со оваа течност прелијте ја содржината во тавата и ставете ја да се печи на 200 степени околу половина час.
Потоа извадетеја тавата од рерна, посипете го грашокот и скршете ги директно јајцата едно по едно. Посолете ги и вретете во рерна намалувајќи ја температурата на 150 и печете уште 15на минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
И што вика Лили додај и по некое печурче, супер ќе биди :)
Лили, нешто слично на таа што ја правиш беше првичната намера што спомнав во текстот, ама, иако знам дека беше едноставно, не ми текнуваше. Не е лошо да ја напишив во рецепт, да не ми остани мисла по неа ;)
Кате, ова испадна-експериментот успешен, пациентот мртов :) Навистина мераклиски се најадовме ;)
ИСПРАВКА: напишив-требаше да е напишиш :)
Мајушка, не носи јогурт, со битолски ќе ја смачкаме ;)
добра идеја за јело ;)