Месно-зеленчукова пита
Состојки
- 250 гр мелено месо
- 1 јајце
- 3 лажици презла
- 1 главица рендан кромид
- 1 коцка за супа
- 130 гр ориз со долго зрно
- 4 рендани компири
- 2 моркови
- 30 гр пармезан
- зачини сол, бибер, вегета, оригано...
- 200 мл вода
- 50 мл неутрална павлака
- * за одозгора
- 3-4 фатки конзервиран грашок
- 10 гр пармезан, сол, оригано
- 4 јајца
Подготовка
Порано често правевме печено мелено месо во тава. Не сум го направила одамна, а рецептот бидејќи се паметел лесно не бил запишан. Но, ете, многу долго време поминало од последниот пат, па остана само како сеќавање. Најпрво мислев тоа да го спремам, но потоа и постепено си додавав состојки, импровизирав малку и излезе ова нешто, кое решив да го наречам пита, бидејќи на крај така и ми изгледаше. Финално се доби барем по нас дома едно одлично и вкусно јадење, кое често ќе го има на нашата трпеза, а рецептот кој се изумил, веќе стана дури и не битен во споредба. Поради тоа, решив истиот да го споделам и овде со вас, па можеби на некој исто така би му се допаднал.
Меленото месо измешајте го со јајцето, зачини, сол (лебот или презлата)пармезанот и кромидот.
Додадете ги потоа ренданите компири, моркови, оризот и пармезанот. (тука следна прилика ќе пробам да додадам и околу 50 мл доматен сос).
Содржината убаво измешајте ја и исплескајте ја во намастена тава бр26. или можи да се проба и во долгунест калап со поголема длабочина.
Коцката за супа растворете ја во 200 мл вода, додајте ја павлаката, посолете ако е потребно. Со оваа течност прелијте ја содржината во тавата и ставете ја да се печи на 200 степени околу половина час.
Потоа извадетеја тавата од рерна, посипете го грашокот и скршете ги директно јајцата едно по едно. Посолете ги и вретете во рерна намалувајќи ја температурата на 150 и печете уште 15на минути.
Добар апетит!