Медитерано лепињи
Дома секогаш ни се допаѓале овие комбинации со оригано и маслинки, па и лебот медитерано откако се појави доста често се купува. Решив да пробам да направам комбинација и да добиеме леб што ќе го има тој вкус ама дома приготвен. И успеа.
Брашното, млаката вода, квасецот, солта, шеќерот и маслиновото се ставаат во подлабок сад. Се мати со мискер додека се добие многу меко тесто, скоро течно. Се остава да стаса. Кога ќе се дуплира се додаваат мелените семки, се меша со лажица и се остава повторно да стаса. Кога ќе стаса повторно се додаваат маслинките и ориганото, убаво се меша со лажица и се остава уште еднаш да стаса.
Добро е да е тестото во потопла просторија за да се скрати времето на чекање.
Кога и трет пат ќе стаса се вадат топчиња на убаво набрашнета маса се формираат во лепињи и се ставаат на плех обложен со хартија. Се оставаат да одморат додека да се загрее убаво рерната.
Се печат на 230 степени околу 20-25 мин, додека убаво да заруменат. По желба пред печење може да ги посипете со семиња по ваш избор.
Ако ви е полесно може на секое стасување да проматите со миксер на најмала брзина.Тесото е многу меко, па треба да има на работната маса повеќе брашно кога се формираат лепињите.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови