Овие медењаци се подарок за моите драги пријателки Сузе, Жаки и Верче. Ми беше ќеф и една вечер си уживав во нивното правење.
Во еден сад се ставаат брашното, пецивото солта зачините содат и маргаринот. Сето ова се меси така да биде како песок. Потоа се додаваат изматените јајца заедно со шеќерот, медот и ванилата. Се замесува тестото да дојде мазно. Ако ви е трошесто тестото може да додадете малку млеко или вода за да биде тестото мазно.
Се сучи кора и се вади голем круг и разни форми кои се ставаат на хартија.
Се печат на 180С-10мин
Глазура
Се мати белката заедно со шеќерот во прав и сокот од лимон така да се добие течна густа смеса.
Од ова тесто ги направив трите медењаци плус и неколку колачиња.
Значи ова служи како декорација за на маса може да стои 1 месец, а може и да се изеде веднаш.
ПС-Не успеав поубаво да ги сликам позадина да декорирам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани