Испечати

Медењаци

Медењаци

Состојки

  • 250 гр. обично бело брашно
  • 150 гр. оштро бело брашно
  • 100 гр. мелени ореви
  • прстофат сол
  • 250 гр. шеќер
  • 1 кесичка ванила
  • 1 кесичка шеќер со вкус на портокал
  • 1/2 к.лажиче околу 3 гр. сода бикарбона
  • 1/2 к.лажиче околу 3 гр. пециво
  • 1-2 к.лажичиња цимет
  • 125 гр. омекнат маргарин или путер
  • 1 јајце
  • 4 жолчки
  • 3 с.лажици мед
  • За одозгора
  • по потреба белка
  • по потреба ореви

Подготовка

Се мешаат сувите состојки, се додава маргаринот или путерот исечен на коцки, па јајцето, жолчките, медот. Се меси убаво, треба да се добие меко тесто. Се витка во стреч фолија и се остава во фрижидер час-два.

Потоа се прават топчиња, малку се сплескуваат, се премачкуваат со благо разматена белка. Им се става половина јатка.

Се печат на 180 околу 15 мин., во претходно загреана рерна.

На здравје!

п.с.А, после два-три дена се посебна приказна...ммм... )))