Медењаци со кора од лимон
Ставете го шеќерот во водата и варете 5 минути. Додадете го медот. Оставете малку да олади и додадете во другите намирници. Замесете тесто. Тестото може да биде малку меко, во зависност од големината на јајцата, па слободно додадете уште малку брашно.
Завиткајте и оставете да отстои 2 часа на ладно, а може и преку ноќ.
Убаво набрашнете ја работната површина, исучете кора со дебелина од 0,5 до 1 см. Вадете форми со помали модли.
Наредете на предходно подмачкан и набрашнет плех на растојание од 2 см. Печете на 150 до 170 степени додека благо поруменат
Белката и шеќерот во прав убаво измешајте ги.
Додека се сеуште топли, медењаците премачкајте или натопете ги во смесата. Наредете ги во плех и оставете да се исушат.
Лиценца: Сите права се задржани
ama kolku sejker od prav klavas vo belkata ? i so edna belka gi naprade site?
ke te cekam da mi kazis ..fala i pozdrav