Во сад за месење ги ставаме состојките за тесто и постепено додаваме брашно месиме мазно тесто кое не се лепи за раце и убаво се оформува.
Тестото го делиме на 4 дела од секој дел расукуваме тенка правоаглеста кора околу 27 см на 35 см  Секоја кора печете ја во тавче обложено со хартија за печење на 220 степени со намалување по потреба корите бргу се печат внимавате да не ги препечете.
Во поголем дел од млекото ставете шеќер и загрејте го во другиот дел растворете го брашното и изматете со миксер да нема грутчиња додадете во врело млеко и варете гут крем потоа оставете да олади.
Маргаринт изматете со прав шеќер и соединете со оладениот крем а потоа додадете ги мелените ореви и измешајте заедно .
Филувајте кора фил кора фил одозгора завршете со фил. Одозгора посипете со чоколадна глазура парчињата пред да остине сосем глазурата обележете ги со нож без да ги сечете.
Овие штангли се спремат 3-4 дена пред да ви требат за користење за да можат корите да омекнат и тогаш се многу повкусни. Сечете ги пред служење

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови