Медени бомбици
Овој рецепт го поставувам поради манифестацијата ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД кои започнаа токму денес во Скопје. Има вистина во тоа дека треба сите да учиме од односот на пчеларите кон пчелите и обратно, нивната трудољубивост, сплотеност и енергичност.
За медот има многу за зборување и пишување, а верувам дека сите веќе знаете за него, ако не знаеме баш се што е поврзано со медот, тогаш знаеме за неговата делотворност. Како беше поговорката - Земи мед, си нашол лек.
Припремата е многу едноставна, а добивате фантазија од вкусови.
1. Во сад се топи маргаринот и чоколадото, се трга од огнот, се додава медот и се брка додека да се целото тоа растопи и соедини, се додаваат сецканите суви состојки. Се брка да стане компактна смесата.
2. Во вметнувачите за колачи со лажиче ставајте од добиената смеса и оставете да оладат.
Ако сте стрпливи и сочекате да оладат точно можете да оформувате бомбици, овој погоре опишан начин на полнење вметнувачите - е само за такви како мене - не стрпливите.
Уживајте!!!
Лиценца: Сите права се задржани
За вгодина за деновите на медо ке се организираме секако !
така да....ќе си ја гледам сликава и ќе фантазирам :) :) :) :)
малку само снема при готвење, не повеќе од 30%. морав да пробувам де :) :) :) :)