Медени бомбици
Состојки
- 100 гр. несолена печена леблебија
- 100 гр. несолени печени кикиритки
- 100 гр. ореви
- 100 гр. лешник
- 100 гр. бело чоколадо
- 6 лажици мед
- 100 гр. маргарин
Подготовка
Овој рецепт го поставувам поради манифестацијата ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД кои започнаа токму денес во Скопје. Има вистина во тоа дека треба сите да учиме од односот на пчеларите кон пчелите и обратно, нивната трудољубивост, сплотеност и енергичност.
За медот има многу за зборување и пишување, а верувам дека сите веќе знаете за него, ако не знаеме баш се што е поврзано со медот, тогаш знаеме за неговата делотворност. Како беше поговорката - Земи мед, си нашол лек.
Припремата е многу едноставна, а добивате фантазија од вкусови.
1. Во сад се топи маргаринот и чоколадото, се трга од огнот, се додава медот и се брка додека да се целото тоа растопи и соедини, се додаваат сецканите суви состојки. Се брка да стане компактна смесата.
2. Во вметнувачите за колачи со лажиче ставајте од добиената смеса и оставете да оладат.
Ако сте стрпливи и сочекате да оладат точно можете да оформувате бомбици, овој погоре опишан начин на полнење вметнувачите - е само за такви како мене - не стрпливите.
Уживајте!!!