7
дек
2021
Мафини со банани и кокосово брашно
Подготовка
1. Измешајте го кокосовото брашно со солта и содата.
2. Во посебен сад изматете ги со вилушка или жица јајцата. Додајте ги кокосовото масло, медот, бананите и ванилата. Кога се е убаво измешано, додадете го и брашното со постојано мешање.
3. Поделете го тестото во калап за мафини. Оваа количина е доволна за 12 мали мафини. Врз секој мафин додадете сецкани ореви, бадеми, какао капки (или други јаткасти плодови по желба).
4. Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани