Размислувајќи како да го употребам кокосовото млеко кое одамна стоеше во одлагање и веќе се ближеше крајниот рок на употреба, настана овој едноставен рецепт кој резултираше со префина структура на мафините (како што се изразија моите по дома, „како купечките“). Па ако имате по дома и вие некоја лименка кокосово млеко и не знаете се уште како би ја употребиле, од срце ви го препорачувам овој начин. Бидејќи беше експериментално, а и за носење, се правеа мафинчиња во помали модли за повеќе луѓе. Цреши ако немате не мора да ставате. Кај мене и тие беа „за побрзо да е потрошат“а воедно и за украс. Но, за да се искористи целата конзерва кокосово млеко, а и многу подобра идеја е да ги дуплирате сите состојки и да испечите во куглоф калап.

Изматете го путерот со шеќерот. Додадете ги јајцата и матете 5-6 минути додека се растопи убаво шеќерот и смесата почни да станува кремаста. Намалете ја брзината на миксерот и додадете го кокосовото млеко, па потоа брашното и прашакот за печиво.

Смесата истурете ја во намастени мини модли за мафини (отприлика по една полна лажичка во секое калапче). Одозгора ставете по една кандирана цреша или цреша од слатко.
Печете на 175С 15-20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани