Испечати

Мафини со банани и кокосово брашно

Мафини со банани и кокосово брашно

Состојки

  • 120г кокосово брашно
  • прстофат сол
  • пола лажичка сода бикарбона
  • 4 јајца
  • 60мл кокосово масло (стопено)
  • 60мл мед
  • 2 убаво созреани банани (пасирани)
  • 1 лажичка ванила арома
  • сецкани ореви, бадеми, какао капки (за декорација)

Подготовка

Подготовка

1. Измешајте го кокосовото брашно со солта и содата.
2. Во посебен сад изматете ги со вилушка или жица јајцата. Додајте ги кокосовото масло, медот, бананите и ванилата. Кога се е убаво измешано, додадете го и брашното со постојано мешање.
3. Поделете го тестото во калап за мафини. Оваа количина е доволна за 12 мали мафини. Врз секој мафин додадете сецкани ореви, бадеми, какао капки (или други јаткасти плодови по желба).
4. Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути.

На здравје!