Кокосова бајадера (со пулпа од кокосово брашно)
Вкусен колач кој настана од состојки кои се наоѓаат по дома, а со цел да не се фрли пулпата од кокосово брашно.
Кога го правам кокосовото млеко напишано овде од Фроги, ми останува пулпата од кокосово брашно, на која и го наоѓам крајот во вакви слични рецепти.
Подготовка
1. Слатката павлака ја загреваме до вриење, па во неа ги топиме чоколадото и путерот. Мешаме до хомогена смеса.
2. Ја ставаме пулпата од кокосово брашно, промешуваме.
3. Ги ставаме останатите мелени состојки и румот.
4. Мешаме до изедначуваме и целата смеса ја ставаме во фрижидер добро да се излади, па формираме ролат или бомбици по желба.
Забелешка
Сите состојки кои се мелат се мелени во Нутрибулетот вклучувајќи го и кокосовото млеко пред да го процедиме. Затоа текстурата на колачот е мазна и не се приметува дека има кокосово брашно. Се наоѓа по некое парченце од оревчињата или од бадемите, ама тоа се неколку парченца што ми останаа од кесичето во кое стоеја, не ги мелев.
Истиов колач може да го подготвите и со суво кокосово брашно, ама ќе треба да внимавате со количината на бисквити, зошто може да треба помалку да се стави. Сепак ова беше влажна пулпа, па за да се соедини требаше повеќе од сувите состојки.
Лиценца: Сите права се задржани
Ви благодарам на сите за убавите коментари:) баш ми е драго што ви се допадна идејата:)