Во сад на оган го ставаме шеќерот со водата и маргаринот.
Откако смесата ќе почне да врие, го тргаме садот од оган и додаваме бела чоколада да се растопи.
Додаваме мелени ореви и прехрамбена боја.
Промешуваме и смесата ја префрламе на намастена фолија.
Растапкуваме со раката да се распореди смесата.
На страна цедиме пола лимон и додаваме пополека шеќер во прав за да се замеси.
Од смесата правиме мали сукалца и ги распоредуваме на расплесканата смеса.
Завиткуваме ролат со помош на фолијата и ставаме да се излади.
Кога ќе го извадиме од ладилникот го попрскуваме со шеќер во прав, па потоа го сечеме на парченца и сервираме.

Напомена

(Поради тоа што мојата мелница ми се расипа, морав да ги мелам оревите со сецко, па не испаднаа добро мелени. Смесата треба да биде изедначена, оревите соединети убаво со течноста. Кај мене се соединија, но се познаваат дека се сецкани, а не мелени ореви )

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови