Не е нешто ново, маринада од ваков тип применувам и за свинско месо, но на пилешкото посебно добро му прилега и му дава убав шмек. Пилешкиот стек се мие, сечи на половина по хоризонтала така да ќе добиете 6 парчиња (пожелно е да се купат поголемки парчиња стек) се редат во сад едно до друго.

Маринадата се спрема така што се мешаат киселината и медот со малку топла вода да се стопат, се додаваат останатите состојки и се полева со неа над парчињата стек, се оставаат во фрижидер да отстојат барем 2 саати. Така маринирано месото се става во садот во кој ќе се приготвува на многу мала маснотија, лесно да пропржи од двете страни. Се додава цела течност од маринадата, се поклопува со капак и на тивко се динста еден саат. Сосема при крај на термичката обработка се вади капакот од месото и се става малку вегета одозгора, па се остава петнаесеттина минути колку да се подзапечи, од маринадата она што ќе преостане подоцна се искористува при подготовката на прилогот.

Оризот измиен и исцеден од водата се става на малку маснотија да се пропржи, се додава од остатокот на маринада и сок кој останал при термичкиот третман на месото, 3-те чаши со топла вода се додаваат една по друга и за крај коцката за супа, се вари на тивко, при крај се остава малку да се подиспечи. На крај пред да се служи додавајте уште некоја капка соја сос и уживајте во богат протеински ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови