Маргаритки
Во длабок сад со миксер матиме маргарин, шеќер во прав и едно јајце.
Кога смесата ќе се соедини додаваме ситно кршени бисквити и месиме со рака додека смесата не стане еднаква. Потоа со раце земаме од смесата и формираме топчиња со големина на орев. Од горната страна малку ги расплеснуваме.
На страна на пареа растопуваме бела чоколада и ги потопуваме колачињата во неа од расплеснатата страна.Во средината на колачето ставаме вишна или цреша, во зависност од тоа што имаме дома.
Повторно растопуваме чоколада, но овој пат црна чоколада, која ќе ни послужи за декорирање околу вишната. Лесен и вкусен рецепт. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
не се сомневам за вкусот, туку немам верба во купечки јајца дека се тазе и без салмонелии сваштарии.
јас користам свежи јајца, ама од нашите домашни. денес снесено, денес мафтосано :) :) :) :)