Испечати

Маргаритки

Маргаритки

Состојки

  • 1 јајце
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 200 гр вишни или цреши
  • 300 гр шеќер во прав
  • 200 гр путер
  • 250 гр ситно кршени бисквити

Подготовка

Во длабок сад со миксер матиме маргарин, шеќер во прав и едно јајце.
Кога смесата ќе се соедини додаваме ситно кршени бисквити и месиме со рака додека смесата не стане еднаква. Потоа со раце земаме од смесата и формираме топчиња со големина на орев. Од горната страна малку ги расплеснуваме. 
                  
На страна на пареа растопуваме бела чоколада и ги потопуваме колачињата во неа од расплеснатата страна.Во средината на колачето ставаме вишна или цреша, во зависност од тоа што имаме дома.
Повторно растопуваме чоколада, но овој пат црна чоколада, која ќе ни послужи за декорирање околу вишната. Лесен и вкусен рецепт. На здравје