Кифли Маргаритки
Декоративни и вкусни, пробајте ги...
Подготовка -
1. Во длабок сад ги ставаме состојките по следниот редослед - млеко, шеќер, квасец, јајце, маргарин, сол и на крај го додаваме постепено брашното и замесуваме меко нелепливо тесто. Покриваме со стреч фолија и го оставаме на топло да стаса. Од стасаното тесто на намрсена работна маса расуваме кора со помош на оклагија, со дебелина најмногу околу 1 прст (видете додатна слика). Со помош на чаша вадиме кругови. Земаме едно кругче, со четка ставаме од белката (разматена малку со вилушка) врз тоа кругче ставаме друго кругче. Благо натиснуваме со прстите на краевите. Истата постапка ја повторуваме со сите останати кругчиња.
2. Сега сите залепени две по две кругчиња ги мачкаме од страните со белката и ги увалуваме во сусам. Ги редиме во плех за печење врз хартија за печење. Ги покриваме и ги оставаме 20-на минути да стасаат. Потоа со помош на мала чашка за ракија притискаме во средината на секоја кифла и на тој начин правиме вдлабнатина. Во секоја вдлабнатина ставаме 1-2 лажички урда... Врз урдата наросуваме ленено семе, а околу премачкуваме со жолчката и наросуваме сусам.
3. Печеме на 180 степени околу 40-на минути, додека да поруменат. После печење ги премачкуваме со зејтин.
Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани