Маргаритела
Подготовка на пандишпанот
Во сад за матење со миксер ги матиме јајцата, го додаваме шеќерот и матиме додека шеќерот не се растопи. Го исклучуваме миксерот. Во садот ги додаваме и брашното, оревите и прашокот за печиво и мешаме со жица додека смесата не се соедини. Смесата ја префрламе во тава за печења која претходно сме ја обложиле со хартија за печење и печиме во загреана рерна 35минути на 180 степени.
Подготовка на филот за ролатот
Во тенџере на оган го налеваме млекото и румот и ги додаваме шеќерот и ванилниот шеќер. Откако млекото ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган и ги додаваме мелените ореви. Мешаме со лажица и оставаме смесата да се излади.
Подготовка на кремот
Во тенџере на оган налеваме 300мл млеко и го додаваме шеќерот. Во друг зад за матење ги кршиме јајцата, ги додаваме брашното и преостанатите 200мл. млеко и мешаме со жица за матење. Смесата ја налеваме во зовриеното млеко и мешаме со жица. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган и оставаме кремот да се излади. Во подлабок сад со миксер го матиме омекнатиот путер додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и повторно мешаме со миксер додека кремот не се соедини.
Испечениот пандишпан го виткаме во ролат без да му ја вадиме хартијата, а ролатот го виткаме во влажна памучна крпа. Го оставме да постои така додека филот не се излади. Откако филот ќе се излади пандишпанот го премачкуваме со филот и повторно го свиткуваме во ролат. Ролатот го сечиме на 21 парче.
Парчињата од ролатот во круг ги редиме во чинија за торта. Филуваме со кремот. Повторно редиме парчиња ролат и филуваме. Редиме нов ред парчиња ролат и целата торта ја премачкуваме со крем.
Подготовка на шлагот
Во сад за матење со миксер ги матиме прашокот за шлаг и ладното млеко и матиме додека шлагот не ја добие потребната густина. Со готварски шприц декорираме по желба.
Тортата беше дел од нашето Новогодишно мени. Иако на прв поглед делува комплициран, воопшто не е така, а и се исплатува за трудот. Многу е вкусна и кремаста. Извадете ја пола саат од фрижедер пред да ја послужите.
Добар апетит и Среќни празници!
Лиценца: Сите права се задржани
eve edna slikicka odamnaaa
Srekni praznici!!!