13
апр
2014
Мали брзи банички
Од состојките за тесто замесете мазно и глатко тесто.
Тестото поделете го на 6 дела.
Оставете го тестото да одмори 10 минути .
Од секое парче со сукало развлечете кора. Кората попрскајте го со масло и преку средина хоризонтално и вертикално пресечетеја да добиете 4 дела.
На краевите на секое парче распоредете од филот и завиткајте во ролна а потоа ролната во вид на полжав.
Наредете ги во намрсен плек и малку попрскајте во тенок млаз со масло.
Печете во претходно загреена релна на 200 степени .
За полнење попржете го спанаќот, а потоа додајте ја урдата посолете додека урдата не е солена.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови