Македонска тегната баница - Мазник
Знам дека има многу рецепти за овој наш македонски спецјалитет, но еве ќе ја објаснам и мојата верзија или онака како мене мојата мајка ме научи.
Од сите состојки се замесува тесто но треба да биде што помеко.
Се прават 5-6 топчиња и од секое топче се расукува кора колу 1цм дебела.
Секоја кора се премачкува со зејтин и се остава неколку минути да одмори тестото.
Потоа се растегнуват корите на чаршав се попрскуваат повторно со зејтин и фил по желба. Пржен праз, сирење и јајца, мелено месо преходно пропржено.. на пример.
Јас овде ставив здробено сирење и јајца.
Со помош на чаршавот се замотуваат и редат во подмачкан плех.
Се пропрскуваат со зејтин и се печат веднаш на 220 степени додека не заруменат одозгора.
Неколку работи за успешна баница се
Тестото секогаш замесувајте го рачно, не со миксер или робот.
Брашното најубаво е да биде тип 45, тоа е најеластично и највеќе одговара за тегната баница.
Внимавајте просторијата да е топла или тестото да не се олади премногу, затоа најдобро е и водата да е потопла колку раката да може да издржи.
Се става сосема малку квасец и избегнувајте го свежиот бидејки полесно ќе нарасне, што не треба, тестото.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
E sega sama domakinka ako si napravis ke si kasnis,haha. pred skoro vreme pocnav da tegnam i si davam solidna 4, a koga ke dojdam do 5 i ke objavam moj recept, moja majstorija.Lesno e samo trpelivost treba i ubavo bra[no.
Ovoj prezentiran ovde ubav
eve skromna slikicka od pred nekoj den moe tegnato
девојки воопшто не е тешко да се трга... еднаш, два пати и третиот пат ќе летате...
Јас го попрскувам со мешавина од маргарин и масло...пробајте многу е убав... на 1,2 кг. брашно- 1марг. и мало кафено финџалче масло...бидејќи дел од маргаринот користам при слепувањето на топчињата при нивната подготовка
Jas mnogu retko koristam margarin i zatoa i vo maznik nikogas nemam staveno imam videno deka niz pekarite burekot go pravat so taa kombinacija od zejtin i margarin i se spremam nekogas i toa da go napravam burek so domasni kori, a majkami koga ima stava svinska mast i taka se uste povkusni. Vi blagodaram na site milo mi e sto vi se dopaga ☺