Македонска тегната баница - Мазник
Состојки
- 1кг брашно
- 500-600мл вода
- 2-3 супени лажици зејтин
- 1 супена лажица сол
- 1/4 кесичка сув квасец
- 300 гр сирење
- 2 јајца
Подготовка
Знам дека има многу рецепти за овој наш македонски спецјалитет, но еве ќе ја објаснам и мојата верзија или онака како мене мојата мајка ме научи.
Од сите состојки се замесува тесто но треба да биде што помеко.
Се прават 5-6 топчиња и од секое топче се расукува кора колу 1цм дебела.
Секоја кора се премачкува со зејтин и се остава неколку минути да одмори тестото.
Потоа се растегнуват корите на чаршав се попрскуваат повторно со зејтин и фил по желба. Пржен праз, сирење и јајца, мелено месо преходно пропржено.. на пример.
Јас овде ставив здробено сирење и јајца.
Со помош на чаршавот се замотуваат и редат во подмачкан плех.
Се пропрскуваат со зејтин и се печат веднаш на 220 степени додека не заруменат одозгора.
Неколку работи за успешна баница се
Тестото секогаш замесувајте го рачно, не со миксер или робот.
Брашното најубаво е да биде тип 45, тоа е најеластично и највеќе одговара за тегната баница.
Внимавајте просторијата да е топла или тестото да не се олади премногу, затоа најдобро е и водата да е потопла колку раката да може да издржи.
Се става сосема малку квасец и избегнувајте го свежиот бидејки полесно ќе нарасне, што не треба, тестото.