Подготовка:

1. Од состојките за тесто замесете помеко нелепливо тесто. Поделете го на 6 топчиња. Секое топче расукајте го во мала кора. Премачкајте ги со масло и оставете да отстојат 15 минути.

2. Во меѓувреме подгответе го полнењето. Во тава на оган ставете масло да се загрее. Додајте го кромидот исечен на тенки резанки и пропржете го додека омекне. Потоа додајте го претходно испечениот (во рерна) модар патлиџа, исечен на мали парчиња. Посолете измешајте убаво и тргнете од оган да се подолади.

3. На чаршав секоја мала кора растегнете ја што потенко. Попрскајте со масло и нанесете од полнењето. Со помош на чаршавот свиткајте ја во ролат, а потоа како полжав. Повторете ја постапката со сите кори. Пред печење попрскате ја баницата со масло.

4. Печете на 200 степени, додека зарумени. Испечената баница попрскајте ја со сосема малку вода и покријте ja со крпа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани