Макарони со модар патлиџан
1. Макароните ставете ги во посолена вода да се сварат, потоа исцедете ги.
2. Модрите патлиџани исечете ги на коцки и ставете ги во тава со масло, додајте ја солта, исецканиот лук и пржете ги неколку минути додека да омекнат. Додајте го доматниот сос, босилекот и макароните, измешајте ги и ставете ги во плехче намачкано со маргарин.
Подгответе го бешамелот.
3. Во тенџерче стопете го маргаринот, додајте го брашното и малку запржете го. Постепено додавајте го млекото и постојано мешајте со жица додека сосот се згусне и почне да врие. Додајте ги зачините по вкус.
4. Со бешамелот прелијте ги макароните и ставете ги да се потпечат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25-30 мин.
5. Послужете ги топли.
Лиценца: Сите права се задржани
го направив уште истиот ден. имав смрзнати печени модри патлиџани и смрзнати свежи. ле ле ле ле лееееееееееееееееееееее :) :) :) :)