Макарони со модар патлиџан
Состојки
- 600 гр модар патлиџан
- 300 гр макарони
- 400 мл доматен сос
- 1 лажица сецкан босилек
- 2 чешниња лук
- по потреба сол и маслиново масло
- Бешамел сос - посен
- 60 гр маргарин
- 50 гр брашно
- 500 мл млеко од соја
- 1 лажица мешан сув зачин
- по вкус сол, бибер и рендано морско оревче
Подготовка
1. Макароните ставете ги во посолена вода да се сварат, потоа исцедете ги.
2. Модрите патлиџани исечете ги на коцки и ставете ги во тава со масло, додајте ја солта, исецканиот лук и пржете ги неколку минути додека да омекнат. Додајте го доматниот сос, босилекот и макароните, измешајте ги и ставете ги во плехче намачкано со маргарин.
Подгответе го бешамелот.
3. Во тенџерче стопете го маргаринот, додајте го брашното и малку запржете го. Постепено додавајте го млекото и постојано мешајте со жица додека сосот се згусне и почне да врие. Додајте ги зачините по вкус.
4. Со бешамелот прелијте ги макароните и ставете ги да се потпечат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25-30 мин.
5. Послужете ги топли.