Макарони од мојата кујна
Во еден поголем сад со жица добро измешајте ги двата вида брашно и солта. Направете вдлабнатина во средината и додадете ја лажицата масло и разматените јајца.
Мешајте со вилушка додавајки во јајцата од околното брашно. Кога е чврсто да се меша со вилушка почнете да го месите тестото на рака додека не го впие цело брашно, а потоа месете го уште 10 мин додека не стане мазно, компактно и еластично. Тестото треба да е чврсто, да не се лепи за работната површина, ама и да не е суво па да се рони. Обликувајте го во топка, завиткајте го во транспарентна фолија и оставете го 1/2 час на собна температура.
Расучете го тестото со сукало во многу тенки кори, или истенчете го на машина за паста до број 6 (така направив јас).
Исечете квадратчина со страна 5 цм па виткајте ги на округло стапче со пречник како молив по едната дијагонала да добиете форма на макарона. Притиснете ги аглите да се залепат. Треба брзо да се работи за да не се пресуши тестото, а ако сепак тоа ви се случи попрскајте ги корите сосема малку со пумпица која прави водена магла.
На една решетка ставете крпа, распоредете ги макароните и оставете да се просушат барем 1/2 час.
Варете ги во обилно количество добро посолена вода 5 - 10 мин. зависно од дебелината. Исплакнете ги тестенините и послужете ги со вашиот омилен сос.
Од истото тесто можете да правите таљатели, кори за лазања, равиоли или канелони или било која друга форма паста.
Ако немате Семолина заменете ја со најситен гриз, или обичниот гриз сомелете го во машинчето во кое мелите шекер.
Лиценца: Сите права се задржани
Lile, jas pa cekam da pocastam vo vistinskiot zivot, oti vaka virtuelno, ko da ne bilo, nema da se zapameti :))
Fala Maja :))
Ova ti e super fali uste nagradeniot recept koj doprva ke bidi za sos od domati i ke bide komplet rucek...mmmmmmmmmm
slikata prekrasna a i receptot zvuci super onaka bas domasno:)
Daniela, 400-500 gr, jas svariv pola, drugite gi dosusiv do kraj i cekaat red :)
за пола кило не се нафаќам. кај нас ова само на големо оди, а овие твоиве бараат ц'цкање. мрцини ко мене не работат вака :) :) :) :)
јас па се изнарадував дека ќе видам некоја машина за макарони. да престанам да харам по нетот за да нарачам од иноземција :) :) :) :)
A ako najdis takva masina ke kazis, ama ne da drzi pola soba, pa ke si kupime razlicni nastavci i "ke si se menuvame" :))))
па не ли сакаш да се преселам кај тебе ДОЖИВОТНО? :) :) :) :)
ако најдам одма ја позајмувам....или за тебе само ќе одвојам пола кило од моите 40кила залиха :) :) :) :)
Svekor mi veli deka mi e tocno vreme za vnuci, ama jas docna pocnav, pa ako se preselis ti "za dozivotno", mozam na tvoite surogat baba da im bidam :))) Eve i makaroni pogolema doza ke napravam :))) Kilo??