Мадрас пилешко кари
Во поголемо тавче се загрева маслото на среден оган и се ставаат каранфилчето и мешунките кардамом кратко да се пропржат, да замириса. Се вадат и во тавата се додава исецканиот кромид. Се пржи со мешање на среден оган да добие боја на темен карамел. Колку подобро се карамелизира кромидот, карито ќе има побогат вкус. Се додаваат исецканите лути пиперчина, протиснатиот лук, сите зачини и кратко се пропржува. Се додаваат коцките месо, 50 мл вода и се пржи мешајки неколку минути. Се додаваат доматите, се промешува и покриено се вари дваесетина минути. Ако е многу течно, кратко се изврива отворено, да се згусти.
Се посипува со ситно сецкан магдонос.
Се сервира врело врз обарен ориз.
Дури подобро е претоплено другиот ден, има некако побогат вкус.
Лиценца: Сите права се задржани
E, jas do ponedelnik ne pravam nisto, ke nastapat bojadziite. Na rab na histerija sum :)
Zauzdaj go apetitot, treba na plaza da se odi :)))
Pozdrav i za tebe, Svetlana :)
ту би Хонест, пола појма немам што се :) :) :) :)
Mnogu, mnogu ti fala :)
-Еве!
Кардамон мешунки немав,само мелен па се инкорпорира во составот,чили немав и поарно,беше доволно луто од едно оган пиперче.Ѓумбир ставив мелен во прав,на пазар не успеа набавувачот мој да пронајде (тогаш кога ти треба нема,непишано правило),но генерално мислам дека се долови ефектот,а за одлеживање не остана,во некоја наредна прилика,ќе направам количински повеќе.
Ние одиме во кинески па донекаде сме навикнати на сиве овие зачини,што се многу поинтензивни,се надевам дека и другите домаќинки ќе го скршат ледот и ќе се осмелат да си приредат едно поинакво задоволство.За мене знам дека овој нема да биде и последен пат.
Пак ќе завршам со мажот мој,даде сугестија како би било со некој слатко-кисел сос?!Да не си пробала и така случајно?
Ubavo mi e da procitam deka ste zadovolni :)
Фала Лили