Лутица
Еве еден мој омилен рецепт.
Го правам два три пати во сезоната на зимници.
Пиперките се печат, лупат и им се отстранува семето.
Се сецкаат на лентички по должина и се оставаат настрана да се цедат.
На страна се дробат или мелат како сакате патлиџаните и се ставаат да вријат на оган.
Откако ќе зовријат, убаво и ќе им поизврие водата, се додава 250 грама масло, 250 грама оцет и 250 грама шеќер.
Оставаме да поврие така заедно уште 5 минути па ги додаваме сецканите пиперки.
Промешуваме и додаваме уште 1 литар масло.
Посолуваме со јадра (морска ) сол по вкус.
Оставаме да се вари околу еден час со благо промешување
Не мораме како кај ајварот да мешаме постојано.
Пред крајот кога веќе лутицата е готова, додаваме ситно сецкан лук и магдонос исто така по вкус.
Собираме топла во топли суви тегли и веднаш затвараме.
Ги вриеме теглите во топла вода --топли тегли.
Ова за мене е стандард лутица која ја правам со години наназад.
Можете да ја подготвите и мелена и сецкана.
Јас ја правам на двата начина, но искрено цепканата ми е омилена.
Пробајте... прекрасен е вкусот... На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Убава е и твојава. :
кај нас ова Лутенка го викаме ;)