Подготовка

1. Мелените колачиња ги мешаме со растопениот путер и ги натапкуваме на дното од калап за чизкејк (23цм). Оставаме во фрижидер.
2. Желатинот го ставаме во водата да набари.
3. Крем сирењето го матиме со ванилата.
4. Во посебен сад ја матиме слатката павлака со шеќерот во прав. Ја додаваме матената слатка павлака кај крем сирењето и мешаме убаво.
5. Желатинот го растопуваме и го додаваме во смесата. Мешаме убаво да се соедини. Го додаваме филот во калапот за чизкејк врз подготвената основа. Оставаме во фрижидер додека го спремаме преливот.
6. За преливот само го загреваме намазот, а потоа го истураме во калапот врз филот. Оставаме во фрижидер најмалку 6 часа.
7. Пред послужување го посипуваме чизкејкот со здробени лотус бискоф колачиња.

Многу вкусен десерт. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани