Лиснати путер кифли
Квасецот се активира дирекно во брашното со 1 лажица шеќер и малку млеко, а потоа се додаваат сите состојки и млеко колку што ќе треба за да се замеси меко тесто.
Веднаш се работи.
Се дели на три дела. Се вадат по 10 топчиња.
Се расукуваат колку мало тањирче. Се премачкуваат со маргарин, последното не се премачкува.
Маргаринот исто го делиме на три дела.
Така се изработуваат и другите 2 дела.
Од секој дел се отвора кора, се сечи на 12 триаголници.
Се става слатко.
Се виткаат и киснат 30 мин..
Пред печење се премачкуваат со малку топла водичка.
Се печат во загреана рерна на 200 додека поруменат.
После печење пак малку со водичка.
Топли се валкаат во шеќер во прав замирисан со ванила.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани