Лиснати кифлички
Одлични лиснати кифлиња....
Просеаното брашно го ставаме во садот во кој ќе месиме.
На средина правиме вдлабнатина.
Го рониме квасецот, додаваме 2 лажичиња шеќер и малку топло млеко. Убаво го раствораме квасецот, додавајќи и малку брашно. Чекаме да се активира.
Во активираниот квасец го додаваме оцетот, маслото, жолчките и јајцето соединети, разматени со киселото млеко, солта и шеќерот.Тестото го замесуваме со додавање на топлото млеко по потреба за да се добие средно меко тесто. Тестото убаво го месиме додека не почни да се одвојува од раце и се направат меурчиња на него.
Тестото одма го делиме на 4 дела.
Од секој дел отвораме тркалезна кора, ја премачкуваме со 1/4 од маргаринот. Ја зесекуваме на триаголници и триаголниците ги собираме кон средина еден врз друг, убаво обликоваме во топка.
Така и со останатите 3 дела.
А, исто можи на уште еден начин. Од секој дел на тесто, се вадат по 10 топчиња. Се расукуваат по малку, колку тацна и се премачкуваат со по малку маргарин. Се редат едно врз друго. Последното не се мачка.
Ги ставаме во длабоко замрзнување околу 30 мин..
Од секоја топка се отвора тркалезна или правоаголна кора.
Се сечат 16 триаголници или 12 правоаголничиња, зависно колкави големи сакате да ви бидат кифлите. Ги виткаме.
Се редат во намрсен плех.
Се премачкуваат со малку разматена белка, им се наросува сусам.
Се киснат 25-30мин..
Се ставаат да се печат во загреана рерна за време околу 20 мин. на 200 степени.
На здравје!
п.с. После печење не заборавајте нежно, по малку да ги премачкате со водичка со помош на четче.
Лиценца: Сите права се задржани
Ви благодарам на сите :-)