Лиснати кифлички
Преубави кифли кои ги правам за Велигден.
Најпрво се зафаќа квасецот. Во млекото се додава квасецот, шеќерот и 7 лажици брашно да се добие густа смеса и се остава да надојди квасецот.
Од сите состојки се меси и се остава да надојди 30 мин (прво ставам помалку брашно и по потреба си додавам за да не дојди тврдо тестото).
Откако тестото ќе отстои се дели на 5 делови. Секој дел се дели на 5 делови и се сука кора, се премачкува со маргарин и се реди една врз друга. Најгорната кора не се премачкува со маргарин. Постапката се повторува и со другите делови.
Потоа од секој дел се сучи кора. Кората се дели на 16 парчиња ( види на сликата). На секој дел се става сирење, се оформуваат кифличките и се редат во плех на поголемо растојание. Се оставаат 2 часа, па се печат. Пред печење се премачкуваат со јајце и сусам.
Кифличките се многу меки и вкусни
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Во состојките не е дадено, колку и каков квасец е потребен. Дали некој ја знае мерката или пак ти Јасмин44е би можела да ја дополниш листата на состојки!?
Фала однапред.
http://moirecepti.mk/post/%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE-3%D0%B2%D0%BE1