Лесна пишкота торта
1. Во длабок сад пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав, додадете го претходно растопеното и изладено чоколадо и четири жолчки. Матете со миксерот, додека смесата се изедначи.
2. Во друг сад изматете четири белки со 200 гр шеќер и додадете ги во претходната смеса. Полека промешајте и додадете ги сецканите ореви и сецканите крем бананчиња.
3. Во длабок сад ( јас користев сад со дијаметар од 18 см) ставете фолија т.е. обложете ја внатрешната страна и редете ги пишкотите на дното и исправени странично, претходно натопени во млакото млеко со рум.
4. Средината во садот потполнете ја со претходно подготвениот фил и одозгора наредете пишкоти. Оставете ја во фрижидер да се стегне, најдобро е преку цела ноќ.
5. Потоа внимателно превртете ја тортата на плиток сад, одстранете ја фолијата и декорирајте со шлаг крем и сецкани ореви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови