Испечати

Лесна пишкота торта

Лесна пишкота торта

Состојки

  • 1 паковање пишкоти (дупло)
  • фил
  • 250 гр маргарин
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 6 сецкани крем бананчиња
  • 100 гр сецкани ореви
  • за натопување на пишкотите
  • 100 мл млако млеко
  • 1 лажица рум
  • за декорирање
  • 1 кесичка шлаг крем
  • 100 мл ладно млеко
  • околу 20 гр сецкани ореви

Подготовка

1. Во длабок сад пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав, додадете го претходно растопеното и изладено чоколадо и четири жолчки. Матете со миксерот, додека смесата се изедначи.

2. Во друг сад изматете четири белки со 200 гр шеќер и додадете ги во претходната смеса. Полека промешајте и додадете ги сецканите ореви и сецканите крем бананчиња.

3. Во длабок сад ( јас користев сад со дијаметар од 18 см) ставете фолија т.е. обложете ја внатрешната страна и редете ги пишкотите на дното и исправени странично, претходно натопени во млакото млеко со рум.

4. Средината во садот потполнете ја со претходно подготвениот фил и одозгора наредете пишкоти. Оставете ја во фрижидер да се стегне, најдобро е преку цела ноќ.

5. Потоа внимателно превртете ја тортата на плиток сад, одстранете ја фолијата и декорирајте со шлаг крем и сецкани ореви.