Лепињи со чиа семе и павлака
Прекрасни шупликави лепињи кои се вкусни и се одлични за полнење...
Подготовка
1. Замесуваме тесто од наведените состојки со лажица. Треба да ни е помеко од тесто за кифлички, а потврдо од тесто за мекици. По потреба додаваме вода, па го оставаме да стаса.
2. Рерната ја загреваме на 350 степени заедно со плехот во кој ќе ги печеме лепињите.
3. Од тестото земаме со лажица дел и со помош на брашно правиме топки кои ги расплескуваме.
4. Ги премачкуваме со вода и ги посипуваме со чиа семе.
5. Секое парче тесто го ставаме на плех откако добро сме ја загреале рерната и плехот. Ставањето и вадењето ги правиме со помош на кујнска алатка или широка дрвена набрашнета лажица.
6. Ги печеме неколку минути додека да нараснат и добијат боја. Ги вадиме од рерна и ги покриваме со крпа.
Лиценца: Сите права се задржани
Фала девојки!