За љубителите на гризот...
 
1. Крем од гризот
- Во касеролата ставете 1 л. млеко и 120 гр. шеќер да се загрее, тргнете од огнот, додадете го гризот и ренданата кора од портокалот, вратете на огнот и варете додека се згусти. Оставете малку да се олади, па во него додадете ги вишните на кои семките им се извадени, сокот од исцедениот лимон, измешајте и ставете во форма која ќе си ја вие изберете. Нека се лади додека спремате пудингот.
2. Во 200 мл. млеко растворете го пудингот и ставете во веќе загреаното млеко во кое сте го додале шеќерот и ванилата. Варете 2 мин. па така врел се исипува врз оладениот крем од гриз. Оставете да се олади, ставете во фрижидер на обично ладење.
Послужете со прелив од вишни, со матена слатка павлака или шлаг, изберете си вие како ви одговара.

Совет
Доколку го изливате во четвртасто плекче тогаш можете одозгора да ставите и шлаг пена, сечете на коцки.
- Јас скоро секој пат го формирам овој десерт во мали модли, служам со прелив од вишни.
- Од вишните кои ми остануваат при припремата на сокот од вишни кој не се вари јас ги замрзнувам и ги користам токму во вакви колачи, ако во моментот немам, а имам слатко од вишни, тогаш го цедам слаткото и користам слатко. Ова ви го пишувам како идеички од типот „снајди се„ , а некој пат знам и да истурам глазура на веќе оладениот десерт и така вкусно.
Кога е добро оладено овој десерт неслучајно си го носи и името, супер нешто како замена за сладолед...
Сладете се...
-

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани