Ледени коцки со рум
Скоро секој да има свој рецепт за Ледени коцки. Јас ги имам неколку. Испробувајќи ги сите, овој со рум ми е најубав, па се издвоил како стандарден и фаворитен. Бидејќи одамна не сум го правела, за разлика кога ни бил чест десерт, ќе кажам во забелешка, дека кој не сака брашно во составот на филот, можи да си замени со густин. Со ова си увидов една маана. Кога нешто често приготвувам и да има измена од основниот рецепт не го поправам, мислам дека си знам на памет. Но, ете, по подолго време ако не се направи, се заборавало. Совет од мене-бележете си ги поправките во рецептите.
Нека не ве плаши долгиот текст. Тоа не е некоја голема количина, ниту пак е мерка за тежината на подготовката. Напротив, многу лесно се спрема.
Најпрво убаво се матат јајцата со шеќерот. Постепено се додаваат течните, па на крај сувите состојки. Смесата се излива во тава 32 и се печи на 180 степени 20-30 мин. Времето на печење е провизорно, проверете со чепкалка.
Половина од млекото со шеќерот се вари на оган, а во другата половина се раствора брашното или нишестето. Кога млекото зоврие, се додава раствореното брашно и се вари крем. Има правило, маргаринот изматен да се додава во оладен крем, но јас го додавам веднаш на жешкиот фил и со енергично мешање се растопува и спојува фино во кремот. Во овој случај, ми нема посебна разлика, а многу повеќе се крати и време и садови за миење. Со маргаринот се додава и румот и ванилата. Се нанесува врз оладениот колач.
Кога филот ќе фати слаба коричка при ладењето се глазира со растопено чоколадо и маргарин. Колачот се остава добро да се стегни и оладен се сечи на коцки. Сладете се и уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Позз до сите :)