Кога немате маскарпоне може да го доловите вкусот на чизкејк и со еден ваков рецепт, кој не заостанува воопшто ниту со вкус ниту со изглед.
Како да не е лажен! ....=)

Подготовка
1. Го растопуваме путерот и го соединуваме со бисквитите.
2. Целата смеса ја распоредуваме во намрсен со путер калап со обрач бр. 22. Ја ставаме во фрижидер да се стегне.
3. Желатиног го растопуваме во 60 мл вода, па го ставаме кратко на ниска температура да се стопи.
4. Во киселата павлака го ставаме шеќерот и интензивно мешаме до растопување на шеќерот.
5. Во оваа смеса ги додаваме блендираните банани со лимонов сок и путерот од кикирики. Две три лажици од оваа смеса ставаме во желатинот и соединуваме. Го истураме желатинот во садот и матиме со миксер.
6. Кон оваа смеса ја додаваме и изматената слатка павлака и ренданото чоколадо.
Ја распоредуваме смесата врз подлогата. Оставаме во фрижидер да се стегне неколку часа.
7. Ја загреваме слатката павлака до вриење па го растопуваме чоколадото во неа. Со ганажот го премачкуваме чизкејкот, откако сме го отстраниле обрачот.
8. Украсуваме по желба, кај мене со матена слатка павлака, чоколадни трошки и крокант од лешници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани